Ливерпул и Јирген Клоп нервозно ќе ги чекаат вестите за повредата на
Мохамед Салах, напаѓачот синоќа мораше да биде заменет пред крајот на првиот
дел на дуелот помеѓу Египет и Гана на Африканскиот куп на нации.
„Се слушнав со Мо, треба да се направат дополнителни тестови, само тогаш ќе
знаеме повеќе“ – вели Јирген Клоп.
„Во тој момент (кога Салах се пожали на повреда) бев шокиран. Почувствува нешто…Сите знаеме колку ретко Мо
бара да биде заменет, па ако судиме по ова, сигурно станува за нешто“.
„Но ајде да ја почекаме точната дијагноза и да видиме што не чека“.
Доколку Мо Салах треба да паузира подолго, тоа ќе биде голем удар врз
амбициите на Ливерпул да ги задржат зад себе Манчестер Сити и Арсенал во трката
за титулата.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.