Клоп си призна: Се плашев дека сезоната од Премиерлигата ќе биде поништена!

by
1 минути читање

Кога сезоната беше прекината Ливерпул имаше 25 бодови предност пред Манчестер Сити и му фалеа уште шест бода за да стане шампион на Англија, прв пат после 30 години.

За време на паузата, особено во првите недели се појавија различни теории дали и како ќе заврши сезоната, едната беше дека таа може да биде прекината без да биде прогласен шампион.

Запрашан дали се загрижил дека може да останат без титулата поради коронавирусот, Клоп одговори: „Искрено, да“.

„Кога отидовме во изолација не мислев на тоа воопшто бидејќи тоа не беше важно во тој момент. Но станав загрижен кога луѓето почнаа да зборуваат за нулирање на сезоната. Тоа беше како „уау“! Навистина го почувствував и физички. Тоа ќе беше навистина, навистина, навистина тешко“.

„Не очекувавме да ја добиеме титулата на подарок. Па навистина бевме среќни кога беше одлучено повторно да играме“.

„Имаше моменти. Дискусиите беа долги и кога некој од различни причини ќе споменеше поништување на сезоната не беше сеедно, но потоа ја тргнаа таа опција од маса и како повторно да оживеав“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани