Клоп се огласи по освоената титула на Ливерпул и испрати емотивна порака (ФОТО)

by bojan
1 минути читање

Јирген Клоп се огласи на социјалните мрежи откако Ливерпул стигна до титулата број 20 во Премиерлигата, Германецот испрати емотивна порака до својот поранешен клуб.

„Црвените“ доминираат во Премиерлигата оваа сезона, па синоќа во голем стил и со победа од 5-1 над Тотнем ја потврдија титулата број 20 во Премиерлигата.

Арне Слот заврши одлична работа во својата прва сезона на Енфилд, но стратегот не заборава дека наследи одличен состав од Јирген Клоп, па на синоќешното славје имаше простор и за Германец.

Во еден момент, Арне Слот го зеде микрофонот и ги повика навивачите да запеат во чест на Јирген Клоп.

Откако малку се смирија страстите, на социјалните мрежи се огласи и самиот Јирген Клоп, кој испрати емотивна порака: „Премногу сум благодарен за минатото, пресреќен за сегашноста и исполнет со огромен оптимизам за иднината!“

„Честитки – YNWA. Ви благодарам драги мои“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани