Клоп пред големото дерби: Никој не може да се натпреварува со Манчестер Сити

by
1 минути читање

Тренерот на Ливерпул смета дека Сити е толку моќен што нема конкуренција во Премиерлигата.

„Никој не може да се натпреварува со Манчестер Сити“, вели Јирген Клоп.

„Го имате најдобриот тим во светот и го додавате најдобриот напаѓач на пазарот. Без разлика колку чини, едноставно го правите тоа“.

„Ние не можеме да делуваме како нив на трансфер пазарот. Не е возможно, не е возможно“.

„Јасно е, има три клубови во светот на фудбалот кој можат да прават што сакаат финансиски. Легално е, се е добро, но тие можат да прават се што сакаат. Да се натпреваруваш со нив? Не е возможно да се справиш со тоа“.

Клоп со оваа изјава можеби сака да си даде и алиби за лошиот почеток на сезоната ако се знае дека тие за Дарвин Нуњез платија повеќе отколку Манчестер Сити за Ерлинг Халанд.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани