„Таа ми значеше
се’ во мојот живот“ рече
предводникот на англискиот првак Ливерпул, Јирген Клоп кој не беше во можност
да присуствува на погребот на својата мајка која почина на 19 јануари на 81
годишна возраст.
Поради хаотичната
ситуација со пандемијата предизвикана од коронавирусот, воведени се силни
рестрикции особено за патниците од Велика Британија поради мутацијата, па шефот
на стручниот штаб на „Редсите“ немаше можност да се прости од својата мајка на
начин на кој доликува.
„Таа беше
вистинска мајка во најдобро светло во овој свет, јас силно верувам дека почива
во мир во моментов, таа ми значеше се’ во мојот живот“ рече Клоп, а тој доби и силна поддршка од Ливерпул со зборовите „Никогаш нема да одиш
сам“, инаку химна на клубот од „Енфилд“.