Ливерпул заврши лоша сезона во Премиерлигата, не успеа да го продолжи континуитетот на настапи во Лигата на шампионите.
Поради тоа, Клоп не планира да земе класичен одмор, вели дека ќе работи цело лето, постојано ќе биде на телефон со цел да создаде нов Ливерпул кој повторно ќе атакува на највисоките места.
Запрашан за летен одмор, Клоп рече: „Не, вооппшто нема да имам одмор. Ќе бидам зафатен на телефонот ова лето…“.
„Навистина ќе имам зафатен период и се надевам дека тој стартува сега, тоа ќе биде во поинаков сегмет од играта и повеќе од среќен сум да го правам тоа“.
Додека фудбалерите одмораат, Германецот ќе работи заедно со клубот на нови засилувања.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.