Одбраната на
Ливерпул е најслабиот дел од тимот, па Јирген Клоп се обиде да го корегира ова
во јануари и го донесе Вирџил ван Дајк. Холанѓанецот стана најскапиот
дефанзивец во светот на фудбалот, откако Ливерпул за неговите услуги плати 75
милиони фунти.
На Енфилд сега ќе
пристигне уште еден дефанзивец, се работи за 18 годишниот Тони Галахер од шкотскиот
второлигаш Фалкир.
Младиот Шкот
поминал дваесетина дена на проба во Ливерпул, импресионирал со перформансите па
„Црвените“ сега ќе искешираат 200.000 фунти за да го ангажираат.
Оваа сума е
прилично скромна во однос на онаа која на почетокот од овој месец беше платена
за Вирџил ван Дајк.
Сепак, се очекува Тони
Галахер кариерата на Енфилд да ја започне во резервниот тим, и да биде
засилување за иднината.