Јирген Клоп во
средата откри дека сезоната за Жоел Матип е завршена, искусниот дефанзивец ги
повредил вкрстените лигаменти на коленото.
Медиумите веднаш
почнаа да шпекулираат дека Ливерпул во јануари ќе ангажира нов дефанзивец и го
посочија Максенс Лакроа од Волфзбург како потенцијално засилување.
Сепак, Јирген
Клоп попладнево ги демантираше ваквите гласини и објасни зошто нема да купи нов
дефанзивец во зимскиот преоден рок.
„Сите зборуваат
дека ни е потребен нов играч, но тој чини пари и мора да биде правиот играч“ –
вели предводникот на „црвените“.
„Кажате ми клуб
кој сака да продаде топ централен дефанзивец? Не обичен централен дефанзивец,
туку топ централен дефанзивец“.
„Веќе неколку
дена знаеме дека Матип го чека долга пауза, и тоа е навистина лошо, но и
понатаму на располагање имаме четворица централни дефанзивци и тоа е сосема
доволно“.
Договорот на Жоел
Матип е до крајот на сезоната, па Јирген Клоп го повика Ливерпул да покаже
класа и да не го остави дефанзивецот без ангажман додека се опоравува од тешката повреда.
„Конечната одлука
не е моја, но би сакал да видам како тој става потпис на нов договор. Прилично
сум сигурен дека клубот ќе покаже класа“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.