Манчестер јунајтед сосема заслужено го победи Ливерпул со 2-1. Впечаток е дека домаќините беа подобри на теренот и дојдоа до трите бода.
Поминаа три кола од Премиерлигата, а Ливерпул се уште нема победа. Клоп смета дека малку фалело за да триумфираат на Олд Трафорд.
„Тие беа навистина поагресивни на почетокот и јасно беше што ќе се случи. Прво ја погодија стативата, а потоа дадоа гол. По примениот погодок ние почнавме да ја играме играта која ја посакувавме“, вели Клоп.
„Немавме среќа во некои ситуации, особено при прекините. Не знам како таа една топка не влезе, ќе беше од голема помош против тим како Јунајтед ако го постигневме тој гол и на полувремето беше 1-1“.
„Примањето на втор гол не ни помогна, потоа го дадовме нашиот, и натпреварот се одвиваше со многу дуели и прекини, резултатот на крај не беша таков каков што посакувавме“.
„Имавме екстремен број на шутеви за гостински натпревар кај Јунајтед, требаше да искористиме повеќе од тие моменти“.
„Ако одигравме малку подобро, ако имавме малку поголема верба, ќе победевме. Знам дека звучи чудно, но така го гледам јас натпреварот“.