Клоп: Нема да плачам како петгодишно дете

by
1 минути читање

Ливерпул има големи проблеми во одбраната откако Вирџил ван Дајк и Џо Гомез заработија сериозни повреди. Жоел Матип исто така често е надвор од стројот, па фудбалерите од средниот ред како Фабињо и Џордан Хендерсон покриваат во дефанзива.

Јирген Клоп сака да биде ангажиран нов дефанзивец до крајот на месецот, но меѓу редови најави дека желбата нема да му биде исполнета.

„Не сум петгодишно дете па да почнам да плачам доколку не го добијам она што го сакам. Јас сум одговорен за многу работи во овој клуб, но има луѓе кои се над мене и јас не одлучувам дали ќе купиме некого во јануари или нема да купиме“ – вели Германецот.

„Разговараме секој ден, дискутираме дали може да се подобри ситуацијата или не но јас давам само препораки, друг кажува дали ќе трошиме пари“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×