133
Нуњез распука против Лајпциг постигнувајќи четири голови, но синоќа против Салцбург повторно беше тивок. Тој играше во првото полувреме.
„Во првото полувреме направивме премногу грешки кои тие можеа да ги искористат“, вели Клоп.
„Имавме добри моменти во натпреварот, можевме да постигнеме четири-пет гола најмалку, но не го направивме тоа“.
„Дарвин премногу беше сам, кога топката беше кај него, немаше никој од нашите фудбалери покрај него, тој беше сам во шеснаесетникот. Имаше шанси, но потребна му е поголема поддршка околу него за да ги држи зафатени другите дефанзивци на противникот, да не можат сите да се фокусираат на него. Ќе работиме на тоа“.