Клоп: Моја вина е поразот против Барнли

by
1 минути читање

Ливерпул синоќа доживеа шокантен пораз од Барнли на Енфилд со 1-0. Напаѓачите на Клоп никако не успева да даде гол во Премиерлигата и тоа веќе трае четири меча.

„Загубивме меч кој е речиси невозможно да се загуби, но го направивме тоа“, вели Клоп.

„Вината е моја. Моја работа е направам фудбалерите да ги имаат вистинските чувства и самодоверба. Но не функционираше“.

„Ја имавме топката долго време, креиравме шанси, но во финишот не бевме доволно добри. Реков и минатиот пат, кога нешто не работи мора да пробаме понапорно, подголго, почесто и да носиме подобри одлуки. Тоа не работеше вечерва“.

„Тешко е да се игра против тим кој се брани со низок блок. Помага кога ќе постигнете први гол, но тоа не беше случај овој пат. Откако долго време нема да постигнете гол, немаат сите самодоверба“.

Пред Ливерпул сега се два дерби натпревари, најпрво во недела против Манчестер јунајтед во ФА Купот, а потоа против Тотнем во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×