Ливерпул за првпат по септември 2012 година загуби два натпревари по ред на домашен терен, а за првпат во 37 години нема постигнато гол на три домашни меча во серија.
„Изгледавме изморено, ментално изморено, одамна веќе изгледаме вака. Тоа влијае на играта“, вели Клоп.
„Ова беше тешка недела и денеска не бевме доволно свежи, тоа значи дека не бевме доволно добри за да ја скршиме формацијата на Брајтон“.
„Игравме против навистина добар противник. Тие имаа добар план и ја заслужија победата, но се разбира ние сакавме да одиграме подобро отколку што го направивме тоа“.
„Знам дека момците можат да одиграат пас од А до Б, но вечерва Б не беше достапен во некои моменти. Немам вистинско објаснување за тоа отколку тоа дека имавме навистина тешка недела, двапати бевме во Лондон и вечерва игравме тука“.