Пред почетокот на сезоната се веруваше дека Ливерпул ќе биде главниот конкурент на Манчестер Сити за титулата во Премиерлигата, но сега работите не изгледаат така.
Ливерпул има освоено само 10 бода од осум натпревари и во моментов има дури 14 помалку од лидерот Арсенал кој има меч повеќе од црвените.
Разликата е огромна, па Јирген Клоп крена раце од битката за титулата.
„Ние не сме во трка за титулата. Во моментов имаме проблеми, но мора да продолжиме. Во ситуација како нашата треба да излезете и да се борите. Не сме тука за да бидеме среќни и да мислиме на минатата година“, вели Клоп.
„Многу сме разочарани. При сите три гола направивме клучни грешки“.
Веќе следниот викенд Ливерпул игра ново големо дерби, на Енфилд пристигнува Манчестер Сити.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.