Клоп ќе треба повторно да се извинува, ФИФА го избра за тренер на годината

by
1 минути читање

Јирген Клоп ќе
треба повторно да се извини, ФИФА го избра за тренер на годината. Германецот до
ова признание стигна откако на Ливерпул му ја донесе титулата во Премиерлигата
по пауза од 30 години но имаше силна конкуренција во Ханси Флик и Марсело
Бјелса.

Неодамна, кога му
беше сугерирано дека е прогласен за најдобар тренер од ЕСПН, тој рече дека оваа
награда повеќе ја заслужува Ханси Флик, кој имаше неверојатна сезона со Баерн Минхен, победи на 32 од 35 натпревари, стигна до тројната
круна и титула во Будеслигата, Купот на Германија и Лигата на шампиони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×