Клоп ќе се повлче од тренерското столче во Ливерпул?!

by
1 минути читање

Јирген Клоп минува низ тежок период, почина неговата мајка а и резултатите на Ливерпул не се на потребното ниво.

„Црвените“ изминатиов викенд загубија на гостувањето кај Лестер и не само што се далеку од битката со Манчестер Сити за титулата, можат да се најдат во проблеми и за топ четири пласман.

Обложувалниците драстично ги намалија коефициентите за негово заминување и почнаа да кружат гласини дека Германецот ќе се повлече од тренерското столче во Ливерпул.

Сепак, добро упатениот новинар Џејмс Пирс негираше ваков развој на настаните.

„Ги проверив гласините и ми беше кажано дека тоа се „чисти глупости“. Клоп синоќа бил во тренинг центарот, денеска ќе се појави на прес во пресрет на дуелот со Лајпциг“ – вели новинарот на Атлетик.

Јирген Клоп на Ливерпул му ја донесе титулата во Премиерлигата по 30 години, па Германецот има кредит кај навивачите.

Синоќа пред Енфилд беше поставен транспарент со поддршка за тренерот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×