71
Ливерпул
ремизираше и на вториот натпревар од новата сезона во Премиерлигата, вечерва
„црвените“ одиграа 1-1 против Кристал Палас.
По десетина
минути игра во второто полувреме, работата им стана значително потешка откако
Дарвин Нуњез со глава удри противнички играч и доби директен црвен картон.
„Добро го
започнавме второто полувреме но потоа се случи тој пех, црвениот картон беше
чист како солза. Дарвин беше провоциран цел натпревар, но не смее така да се
однесува“ – вели Јирген Клоп.
„Знае дека ги
остави играчите на цедило, ќе разговарам со него. Знам дека постојано е мета
на противниците, но не треба да реагира на таков начин“.