Клоп и Ковач објаснија зошто се расправале по последниот свиреж на судијата

by
1 минути читање

Јирген Клоп и Нико Ковач имаа непријатен дуел по крајот на вчерашниот меч, проблемот бил тоа што тренерот на Баерн Минхен прво се поздравил со своите фудбалери, а дури потоа со неговиот колега од Ливерпул.

„Не не не, немаше кавга. Јас сакав да се поздравам со Нико веднаш по мечот, и тој отиде кај своите фудбалери. Мислам дека се поздрави со сите од Баерн Минхен“, вели Клоп.

„Потоа се врати и му реков „Те чекам“ и тој се извини, јас реков дека не е проблем и тој сакаше повторно да се извини. Така беше“.

Иста е и приказната на Ковач кој вели дека тоа го направил бидејќи во Германија прво се поздравуваш со своите играчи а потоа со тренерот на противничкиот тим.

„Беше смешно. Бевме на англиско тло. Во Германија нормално е кога ќе заврши мечот да се поздравиш со своите играчи“, вели Ковач

„Во Англија прво тренерите се поздравуваат. Па јас направив така како што се прави во Германија, а потоа му се извинив на Клоп. И во Германија ќе го направиме тоа како што се прави во Германија“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани