Шефот на
стручниот штаб на актуелниот англиски првак Ливерпул, Јирген Клоп вели дека е
повеќе од потребно да се врати правилото за дозволени пет измени во текот на
натпреварите, додека пак, неговиот колега од Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го
дели истоот мислење и вели дека моменталната ситуација е катастрофална.
Клоп и Гвардиола
се обединија по ова прашање, а последниот во низата ѕвезди кои се здобија со
повреди по бурниот распоред на натпревари е Трент Александер-Арнолд кој на
дербито изминатиов викенд кое заврши со поделба на бодовите се здоби со повреда
поради која го оневозможи да ги одработи своите репрезентативни обврски.
„Сите екипи
едноставно треба да разберат дека тоа е еден вид помош за сите нив, тоа не е
предност за никого, тоа е повеќе од потребно, 100%“ изјави Клоп кој имаше долг
разговор со Гвардиола по крајот на дербито.
„Во сите останати
земји тоа се случува, а ние тука правиме еден вид забава од ова натпреварување
со тоа што имаме само три измени, тоа е навистина неверојатно, мораме да разговараме
повторно на оваа тема“ додаде Германецот, а нему му се придодаде и Гвардиола.
„Насекаде низ
светот се користат пет измени, но тука ние веруваме дека сме некои посебни луѓе“
рече Гвардиола.
„Ние воопшто не
ги штитиме фудбалерите, а затоа ни се случува катастрофа. Со еден ваков
календар и распоред на натпревари, ние мораме да се вратиме на пет измени за
време на натпреварите, а доколку тоа не се оствари, ќе биде навистина тешко да
се продолжи вака“ додаде предводникот на „Граѓаните“.