Клоп и Флик имале ист број на бодови, еве зошто предводникот на Ливерпул е прогласен за тренер на годината

by
1 минути читање

Јирген Клоп
денеска беше прогласен за тренер на годината, многумина сметаат дека тоа не е
праведно бидејќи Ханси Флик имаше неверојатна сезона. Откако го превзеде
кормилото на Баерн Минхен во ноември минатата година, тој од „баварците“
направи машина која ги меле противниците и стигна до титула во Бундеслигата, Купот
на Германија и Лигата на шампиони а календарската година 2020 ја заврши со пет трофеи по триумфите во Суперкупот на Германија и Суперкупот на Европа.

По крајот на
церемонијата, беше обелоденет интересен податок, изборот за најдобар тренер
донел егал, Јирген Клоп и Ханси Флик имале ист број на бодови (24).

Предводникот на Ливерпул
сепак ја добил наградата бидејќи имал повеќе гласови од селекторите.

За наградата
гласаа капитените на репрезентациите, селекторите, новинари ширум светот и
навивачи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×