Клоп го замолкна помошникот на Њукасл по лудиот пресврт на Ливерпул, има и добра причина за тоа (ФОТО)

by
1 минути читање

Ливерпул синоќа
со три бода си замина од незгодното гостување на „Сент Џејмс Парк“ и покрај тоа
што беше во гол негатива и остана со играч помалку по црвениот картон на Вирџил
ван Дајк.

Дарвин Нуњез во
81. минута изедначи на 1-1, за потоа во судиското надоплнување да ги шокира
домаќините и да донесе големо славје за „црвените“.

По последниот
свиреж на судијата, Јирген Клоп имаше мала одмазда кон клупата на Њукасл, или
поточно кон помошникот на Еди Хау.

Кога Вирџил ван
Дајк доби црвен картон, клупата на Ливерпул сметаше дека одлуката е престрога,
Јирген Клоп и неговите помошници протестираа и приговараа, па помошникот на
Њукасл стави прст на уста и им порача да замолчат.

Па кога Ливерпул
стигна до трите бода, Јирген Клоп му врати со иста мера на Џејсон Тиндол.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани