322
Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека Шпанија е фаворит за титулата на Европското првенство според она што прикажа до сега, но очекува Англија да заигра подобро.
Откако ја прекина соработката со Ливерпул, Јирген Клоп ужива со семејството на Мајорка, каде изгради луксузна вила.
Но тој не може целосно да се исклучи од фудбалот, па во разговор со новинарката Агос Ларока проговори за тоа кој е фаворит на Европското првенство.
„Во моментов ми се чини дека Шпанија може да стане шампион“ – вели Германецот. „Но Германија е добра, Франција е добра, а Англија ќе заигра подобро, дефинитивно“.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.