Клоп дал зелено светло, Ливерпул се договорил со Алкантара

by
1 минути читање

Во последните
неколку недели често се шпекулира за трансфер на Тијаго Алкантара. Од таборот
на Баерн открија дека се било договорено за играчот да продолжи во Минхен, му исполниле
се што посакал, но тој во последен момент се предомислил.

Енфилд се
посочува како следна дестинација на фудбалерот од средниот ред и последните
гласини велат дека Јирген Клоп дал залено светло за негов ангажман и го
известил бордот на директори дека го сака играчот во својот тим.

Наводно Ливерпул
веќе се има договорено со Тијаго Алкантара и сега останува уште шампионот на
Англија да пронајде дил со Баерн Минхен за висината на трансферот.

Се шпекулира дека
„црвените“ понудиле 25 милиони евра, додека пак „баварците“ бараат 40 милиони
евра.

Останува да се
види дали клубовите ќе се најдат на средина, Баерн Минхен е во незгодна
ситуација со оглед на тоа што Тијаго Алкантара е под договор до јуни 2021, и
следното лето може да замине без обесштетување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×