„Светците“ можат
да имаат сериозни проблеми за првите мечеви од првенството на Франција и дуелите
со Ленс (10. септември) и Марсеј (13. септември).
ПСЖ на
социјалните мрежи денеска објави дека двајца фудбалери се суспектни на
коронавирус.
Според медиумите,
се работи за Анхел ди Марија и Леандро Паредес, но се стравува дека заразата
може да се прошири и кај други играчи.
Аргентинците со
своите семејства биле на одмор на Ибица а таму имале близок контакт со други соиграчи.
На Балеарските Острови се релаксираа и Андер Ереара, Мауро Икарди, Нејмар, Кејлор Навас и Маркињос па има прашалници и за нивната здравствена состојба и повеќе ќе се знае во следните денови кога ќе бидат направени тестови.