„Класика“ од Реал Мадрид ТВ пред „Ел Класико“: Судијата од дете навива за Барселона…

by bojan
1 минути читање

ТВ каналот на „кралевите“ како по обичај има многу замерки за судијата Ернандез Ернандез, кој овој викенд ќе ја дели правдата на натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид.

Последното „Ел Класико“ оваа сезона се игра на 11. мај и во голема мера може да ја реши разврската во Ла Лига.

Доколку Барселона победи, практично ќе ја осигура титулата, додека пак Реал Мадрид со триумф сериозно ќе се замеша во битката за шампионскиот наслов.

Во пресрет на натпреварот, ТВ каналот на „кралевите“ како по обичај има многу замерки за судијата Ернандез Ернандез.

Беше објавено видео од далечната 1994 во кое Ернандез Ернандез вели дека е Барселона му е омилен тим, па Реал Мадрид ТВ порача: „Од дете навива за Барселона, а сега ќе дели правда на клучно „Ел Класико“.

Во анализата уште се вели дека Ернандез Ернандез на претходните четири пресметки помеѓу Барселона и Реал Мадрид направил сериозни грешки и изненадувачки одлуки кои влијаеле на резултатот, и ги оштетил „кралевите“ со поништени голови, недосудени пенали, како и недосудени прекршоци по кои паѓале голови.

ТВ каналот има замерки и за Мартинез Мунуера, кој ќе биде главен во ВАР собата: „Уште еден судија кој му има нанесено сериозна штета на Реал Мадрид“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани