Клајверт во 2018 година од Ајакс се пресели во Рома. За римската волчица играше две сезони по што беше праќан на позајмици, прво во Лајпциг, па во Ница, и минатата сезона во Валенсија.
Актуелниот договор на Клајверт со Рома истекува во јуни следната сезона, а ова лето би можел да се пресели во Премиерлигата доколку успешно завршат преговорите со Борнмут.
Кога заминувал од Ајакс, Клајверт имал други планови, но тие не се оствариле.
На прашањето зошто заминал од Ајакс по само една сезона, тој рече: „Сè се случи толку брзо. Одеднаш имав агент, парите станаа тема и наеднаш на маса се појавија многу понуди. Си помислив, имам 18 години, ајде да одиграм 2 сезони за Рома, а потоа да одам во Реал Мадрид“.
Планот за две сезони во Рома му се остварил, но потоа Реал Мадрид не тропна на вратата. Кјалверт беше разочарување за волчицата, по што почна да биде праќан на позајмици, а сега ќе биде и перманентно продаден.
„Потпишав петгодишен договор со Рома. Но тие постојано ме праќаа на позајмица, беше додадена и уште една година во договорот, па навистина сум заглавен во Рома, сакам да се ослободам од нив“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.