784
Поранешниот дефанзивец на Јувентус, кој ова лето започна авантура во МЛС и се пресели во Лос Анџелес ФК, од 2014 е во брак со Каролина Бонистали и заедно имаат две деца.
Билд сега го цитира Џорџо Кјелини како искрено признава дека тоа што е славен фудбалер му помогнало да спие со повеќе жени.
„Погледнете ме. Погледнете колку сум грд… нели“ – вели Џорџо Кјелини.
„Тоа што сум познат фудбалер ми помогна да спијам со повеќе жени“
Ова не е прв пат Џорџо Кјелини да говори за својот изглед, во 2021 рече: „Многу сум грд, да не бев фудбалер, тешко дека ќе можев да флертувам со жени“.