Киву: Горд сум на храброста која ја покажавме против Реал Мадрид

by riste
1 минути читање

Тренерот на Интер, Кристијан Киву не е разочаран од поразот од Реал Мадрид, напротив, тој е горд на своите фудбалери и покрај грешките кои ги направија.

Фудбалерите на Интер направија две големи грешки по кои Реал Мадрид постигна два гола, овие два погодоци на крајот се покажаа и како пресудни за конечниот резултат.

„Воопшто не сум лут, туку сум среќен поради храброста и карактерот што ги покажа тимот. Грешките се дел од спортот, но најважно е како реагирате на нив и како продолжувате понатаму. Мислам дека одигравме добар натпревар, се обидовме да доминираме и да ја имаме иницијативата во текот на целиот меч. Тоа ме прави среќен и оптимист за иднината на овој тим“, изјави Киву.

Романецот призна дека Интер знаел дека ќе мора да му дозволи на Реал одреден простор за контранапади поради квалитетот на мадриѓаните во нападот.

„Знаевме дека ќе мора да им дозволиме нешто во транзиција поради квалитетот што го имаат во нападот. Но, останавме во натпреварот до самиот крај и покажавме карактер. Горд сум што покажавме храброст и не дојдовме тука со намера да играме за реми. Напротив, напаѓавме и ја пренесовме играта против тим како Реал Мадрид“, додаде тренерот на Интер.

Посебно внимание Киву посвети на голманот Хосеп Мартинес, кој направи грешка при вториот гол на Реал, кога Федерико Валверде ја испрати топката во мрежата. Сепак, шпанскиот голман потоа имаше неколку одлични интервенции.

„Зошто мора да издвојуваме еден конкретен играч? Најважно е како реагирате на грешките. Мартинез реагираше како голман од највисоко ниво, затоа што остана смирен и направи одлични одбрани. Не станува збор само за стрелците или голманите, туку за секој играч на теренот. Важно е да ја кренете главата и повторно да ја пронајдете самодовербата. Тоа е она што ме интересира“, порача Киву.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×