Кин: Сите го критикувавме Манчестер јунајтед а сега тие се најблиску до Ливерпул

by
1 минути читање

Оле Гунар Солшер трпеше критики, често се шпекулираше за негов отказ, но работите се променија.

Лошиот впечаток беше од првите кола во Премиерлигата и елиминацијата од Лигата на шампионите, но во последните мечеви од домашното првенство Манчестер јунајтед е одличен.

Легендата на Манчестер јунајтед, Рој Кин кој сега работи како критичар на Скај Спортс сега има убави зборови за тимот на Солшер.

„Мислам дека во изминатите месеци тие беа силно критикувани, пред се поради лошиот скор на домашен терен. Јас ги критикував за одбрамбената линија, голманот, прашував каде овој тим оди, но тие им докажаа на луѓето дека се на добар пат“, вели Кин.

„Тие победуваат натпревари и тоа е се што треба да прават. Јунајтед е во одлична позиција ако се знае како бавно почнаа. Не гледам причина зошто да не останат во врвот. Мислам дека Ливерпул се уште се најдобри, но нема причина зошто Манчестер јунајтед да не се трка со нив“.

„Манчестер јунајтед беше одличен против Лидс, го искористи сиот простор кој им беше оставен. Победата ќе влијае на самодовербата. Ливерпул се уште се најсилни, но Јунајтед можат да бидат најдобри од останатите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×