190
Во последниот
натпревар од 29. коло во Премиерлигата, Евертон и Тотнем ги поделија бодовите.
Гостите можат да
жалат откако поведоа со голот на Кејн од пенал и имаа играч повеќе, Дукуре
десетина минути претходно направи глупав потег и доби црвен картон за едно кошкање
токму со напаѓачот на „спарси“.
Но во финишот од
мечот Лукас Мура поцрвене по еден хорор старт врз Мајкл Кин, и токму дефанзивецот
во следниот напад спектакуларно погоди од далечина, Иго Лорис не можеше да
стори ништо и само гледаше како топката завршува во неговата мрежа за 1-1.