Ерлинг Халанд
синоќа дебитираше со два гола во Премиерлигата, напаѓачот можеби потфрли против
Ливерпул во Комјунити Шилд, но против Вест Хем покажа дека ќе биде големо
засилување за Манчестер Сити.
„Луѓето се сомневаа
дали Халанд за брзо време ќе може да се адаптира на Премиерлигата но тој покажа
квалитет, одлично се движеше, влегуваше во шанси. Се прогнозираше дека ќе постигне
20 голови, но сега кога гледам дека шутира и пенали, би рекол дека бројката ќе
биде 30-40 погодоци“ – вели Рој Кин, кој натпреварот го работеше како стручен
коментатор за Скај Спортс.
„Доколку остане
фит и здрав, со квалитетните играчи кои ги има покрај себе, сигурно ќе влегува
во шанси“.
„Нека им е со среќа
на дефанзивците кои треба да го чуваат“.