Кимих: Кога размислував да го напуштам Баерн Минхен, си замина Анчелоти, па останав

by
0 минути читање

27-годишниот Кимих од 2015 година е во Баерн Минхен, но сезоната кога Карло Анчелоти го водеше тимот, тој не беше стандарден.

„Не играв колку што сакав и размислував да го напуштам клубот. Но, тогаш Карло Анчелоти си замина и јас повторно станав стандарден првотимиец. Освоивме се, и никогаш веќе не помислив на тоа“, вели Кимих.

Кимих сениорската кариера ја почна во Лајпциг во 2013 година, а Баерн Минхен е неговиот втор тим, тој има договор со Баварците до 2025 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани