Ким одбива да му се избрише откупната клаузула од 60 милиони евра, Манчестер јунајтед се интересира за него

by
1 минути читање

Ким во фантастична форма ја одигра оваа сезона и е еден од најзаслужните за скудетото. Со неговите игри тој го привлече вниманието и на други клубови.

Информациите велат дека Наполи сака да му ја избрише откупната клаузула на Ким вредна 60 милиони евра, но дефанзивецот одбива.

Јужнокореецот минатото лето пристигна во Наполи од Фенербахче за сума од 18 милиони евра потпишувајќи двегодишен договор, со опција за уште две години. Во договорот има и откупна клаузула од 60 милиони евра која важи за клубови надвор од Италија во период од 1 до 15 јули.

Наполи би заработил повеќе од тројно со активирање на неговата откупна клаузула, но клубот сака да го задржи.

Останува да видиме дали Манчестер јунајтед ќе ја активира откупната клаузула и ќе го ангажира Ким.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×