Киксот на Бастони и Хандановиќ му пресуди на Интер, Роналдо со два гола донесе триумф на Јувентус на „Меаца“ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Јувентус направи
голем исчекор кон финале откако вечерва со 1-2 победи на „Меаца“. Интер поведе
со голот на Лаутаро Мартинез во 9. минута, но Јувентус брзо го сврте
резултатот.

Со помош на ВАР,
судијата покажа на белата точка а Роналдо прецизно биеше за 1-1 во 26. минута.

Десет минути
подоцна, Бастони и Хандановиќ не се разбраа најдобро, Роналдо ја украде топката
и ја затресе празната мрежа за 1-2.

Во продолжението
од мечот Интер притисна, имаше две добри прилики за гол, но Демирал расчистуваше
од гол линијата, за Буфон потоа да му одбрани н Дармијан од пет метри.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×