157
Фудбалерите на Јувентус не само со резултатот туку и со играта ги разочараа своите фанови.
„Можете да ги направите сите подготовки и тестови кои сакате, но тоа мора да го примените. Ние не добивме ниту еден единствен дуел на теренот. Иинтер повеќе ја сакаше победата и заслужено дојдоа до неа. Комплетно не надиграа“, вели Кијелини.
„Ова е удар, но не е нокаут, бидејќи имаме време да ги оствариме целите, сезоната е долга, ние треба да ја промениме почнувајќи од среда, од Суперкупот против Наполи. Добро е што играме веќе за три дена, па ќе можеме да го оставиме овој пораз зад нас, да се фокусираме на освојување на првиот трофеј оваа сезона“.