Киелини со слика од соблекувалната: Најдобар начин да се прослават 500 меча во овој дрес! (ФОТО)

by
1 минути читање

Јувентус имаше ноќ која ќе се памети. Негативата од 2-0 беше тешка мисија, но со три гола на Роналдо се случи голем пресврт по кој следуваше и огромно славје.

Ова за Џорџо Киелини беше 500 натпревар во дресот на Јувентус. Тој на социјалните мрежи објави фотографија од соблекувалната и напиша: „Едноставно историски меч. Најдобар начин да се прослават 500 меча во овој дрес! Да продолжиме вака!!!“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани