Керол открива: Барав на Гугл кои ми се соиграчи во Ливерпул

by
1 минути читање

Голгетерот се пресели на Енфилд во јануари 2011, „Црвените“ за него тогаш платија рекордни 35 милиони фунти за играч од „Островото“.

Но Енди Керол не се снајде во Ливерпул, па во август 2012 беше испратен во Вест Хем, најпрво на позајмица а подоцна „Чеканите“ во целост го откупија неговиот договор.

Во разговор со поранешниот играч на Ливерпул, Џејми Реднап, тој сега открива една анегдота од трансферот на Енфилд.

Англичанецот не гледа фудбал, па на гугл морал да ги бара своите нови соиграчи.

„Со хеликоптер патував за Ливерпул и морав на гугл да барам кои фудбалери играат за „Црвените“” – вели Енди Керол.

„Потпишував за Ливерпул и не знаев кои ќе ми бидат соиграчи!”.

„Го знаев Стиви и некои други, но не ги знаев сите”.

Но, Керол и ден денеска има проблеми со познавање на играчите во Премиерлигата, бидејќи едноставно не гледа фудбал на ТВ.

„Кога соиграчите од Вест Хем разговараат за некој играч. јас се чудам: „За кого зборуваат?“”

„Понекогаш менаџерот на табла ќе го објави противничкиот тим и јас се прашувам: „Кој е овој централен дефанзивец или од каде е?“”.

„Сите во Вест Хем мислат дека сум чуден”

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани