Ќерката на газдата на Валенсија арогантно до фановите: Клубот е наш, можеме да правиме што сакаме!

by
1 минути читање

Популарните
„лилјаци“ минатата сезона ја завршија со обезбеден настап во Лигата на
шампионите и титула во Копа дел Реј. Очекувањата за новата сезона беа големи,
но следуваше бурно лето.

Во клубот имаше
несогласувања околу настапот на трансфер пазарот, кои играчи заслужуваат минутажа,
па сопственикот Питер Лим влезе во војна со тренерот Марселино Гарсија Торал и
директорот Матеу Алемани
.

Хаосот
кулминираше со откази, најпрво во септември клубот го напушти Марселино, а во
нември си замина и Алемани.

Кормилото на
Валенсија го превзеде поранешниот селектор на младата репрезентација на Шпанија,
Алберт Селадес но немаше хемија во тимот, резултатите не беа на потребното
ниво, па сега и тој доби отказ.

Навивачите се
незадоволни од случувањата, прстот го вперуваат кон сопственикот Питер Лим и начинот
на кој тој го води клубот.

По критиките
добиени на социјалните мрежи, се огласи ќерката на бизнисменот од Сингапур, која арогантно порача дека
клубот е во нивна сопственост и можат да прават што сакаат.

„Еве повторно. Некои
навивачи на Валенсија го прекорува и пцујат моето семејство. Зарем не разбираат?
Клубот е наш и можеме да правиме што сакаме и никој ништо не ни може“
– гласеше
постот на Ким Лим, кој за кратко беше избришан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×