1,1K
Синоќа немаше услови да се игра мечот. Дуелот само што почна, поминаа шест минути и судиите одлучија дека нема доволна прегледност за натпреварот да продолжи.
Продолжение од мечот беше презакажано за денеска од 13 часот, а на крајот Келн славеше со 1-0.
Голот беше постигнат од пенал во 82. минута, Дуда ја реализираше најстрогата казна,
Келн имаше пенал и во 51. минута, но тогаш Каинц промаши.
По пет одиграни кола Келн е на третото место со седум бода, еден помалку од Ница и Партизан. Последен е тимот на Словачко со четири бода.