Кејн: Уверени сме дека можеме да го свртиме двомечот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Хари Кејн зборуваше на прес-конференцијата пред реванш четвртфиналето меѓу Интер и Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Англискиот напаѓач нагласи дека двомечот уште е отворен, но го пофали и ривалот кој поседува квалитет. Според Кејн, мечот во Милано ќе биде апсолутно израмнет.

Уверени сме дека можеме да го свртиме двомечот. Дури и во првиот натпревар можеше да заврши поинаку. Не мислам дека Интер размислува веќе за полуфиналето, мислам дека очекуваат борба. Мора да одиграме подобро од првиот меч, да бидеме многу посигурни во сите сегменти. Ова е голем предизвик за нас. Интер е одличен тим, во офанзива и дефанзива. Ни направија многу проблеми во транзиција, особено со контра напади. Во четвртфинале на Лигата на шампионите очекуваш да добиеш такви ривали. Нè очекува уште еден пеколен натпревар“, изјави Кејн.

Реваншот на „Џузепе Меаца“ се игра вечерва во 21:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани