Кејн се договорил со Баерн, „баварците“ веруваат дека можат да го добијат за 100 милиони евра

by
1 минути читање

Баерн Минхен понуди
70+ милиони евра за ангажман на Хари Кејн но Тотнем веднаш даде негативен
одговор.

Одредени извори од
Англија пренесуваат дека Тотнем нема намера да го продаде напаѓачот ова лето,
други пак пренесуваат дека се потребни најмалку 116 милиони евра за Даниел Леви
да почне да размислува за трансфер.

Новинарот Кристијан
Фалк сега вели дека притисокот се зголемува врз „спарси“ откако Баерн и Хари
Кејн начелно постигнале договор за трансфер ова лето. Таткото и братот на
напаѓачот успешно ги завршиле преговорите со „баварците“.

Сега Баерн Минхен
треба да пронајде дил со Тотнем и веруваат дека 100 милиони евра ќе бидат
доволни за реализација на зделката.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани