Кејн: Одговорноста е моја, овој промашен пенал уште долго ќе ме боли

by
2 минути читање

Кејн шутираше два пенали на вчерашниот меч против Франција, првиот го даде, а вториот го промаши.

„Јас секогаш се подготвувам за шутирање пенали, дали еден, два, небитно, но секогаш имам идеа што сакам да направам. Не можам да се обвинувам за лоша подготовка или за некој детал, ова беше само една погубна ноќ која многу боли. Првиот пенал беше сјаен, а вториот – не шутнав како што сакав. И јас ја преземам одговорноста, ова ќе боли уште многу долго време. Цел меч е болен за нас, зашто знаевме што сакаме да постигнеме“, рече Кејн.

„Светско првенство се игра еднаш на четири години и не е ова нешто за кое ќе имате шанса следната година. Една ситница реши и затоа јас ја преземам одговорноста. Ова е болка многу голема, не само за мене, туку и за секого во националниот тим. Но, таков е фудбалот, таков е спортот“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани