Кејн ја продолжува голгетерската серија, нова победа за Баерн Минхен (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На Хари Кејн не му требаше многу да се прилагоди во Баерн Минхен и да покаже зошто е толку скапо засилување. Англичанецот стигна до 19 голови во Бундеслигата, вкупно 23 во сите натпреварувања за германскиот тим.

Со голови на Кејн во 14. и 44. минута, Баерн Минхен имаше водство од 2-0 по првото полувреме против Хајденхајм.

Следуваше бликскриг на гостите кои со голови на Клеиндиенст во 67. и Бесте во 70. минута го изедначи резултатот на 2-2.

Но, нерешениот резултат не траеше долго, Гереро во 72. минута го врати водството на Баерн, а конечните 4-2 ги постави Чупо Мотинг пред самиот крај на мечот.

Борусија Дортмунд со гол на Фулкриг во 36. минута поведе во Штутгарт, но домаќини брзо изедначија со погодок на Ундав.

На седум минути пред крајот на мечот Гуираси постигна гол од пенал за комплетен пресврт и победа на Штутгарт од 2-1.

Во другите мечеви Аугсбург одигра 1-1 против Хофенхајм, нерешено заврши и дуелот меѓу Дармштад и Мајнц, но тука немаше голови.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×