Кејн и на Баерн и на Тотнем им го кажал својот став, двата клуба се на потег

by
1 минути читање

Хари Кејн ги информирал и Тотнем и Баерн Минхен дека доколку не се договорат до почетокот на првото коло од новата сезона, тој ќе остане во англискиот клуб.

Баерн Минхен има голема желба да го донесе во своите редови, но дедлајнот кој го поставува Кејн не е добар ниту за Тотнем.

Тој нема намера да го продолжи договорот, па доколку англискиот клуб не го продаде ова лето, тој ќе си замине како слободен играч. Даниел Леви наместо да му донесе 100+ милиони евра од заминувањето на Кејн, тој по крајот на сезоната би си отишол за 0 евра.

Ваквиот став на Кејн е притисок кон двата клуба да ги забрзаат преговорите.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани