Кејн даде гол од својата половина, хет-трик за Англичанецот, Баерн ја наполни мрежата на Дармштад! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Мечот почна лошо за Баварците, уште во четвртата минута останаа со фудбалер помалку откако Кимих заработи директен црвен картон.

Но, до крајот на првото полувреме црвени добија двајца играчи кај Дармштад, Гјасула и Маглика, па второто полувреме Баерн го почна со играч повеќе.

Баварците во второто полувреме дадоа осум гола, три од нив беа дело на Хари Кејн, а еден го постигна од својата половина.

По два погодоци дадоа Сане и Мусиала, а еден беше дело на Милер.

На овој меч бранеше Мануел Нојер, првпат по една година се врати на теренот.

Во другите натпревари Штутгарт – Хофенхајм 2-3, Вердер – Унион Берлин 2-0, Менхенгладбах – Хајденхајм 2-1, Аугсбург – Волфсбург 3-2.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани