Иако Хари Кејн прикажува фантастични партии, дури и ги надминува очекувањата и руши рекорди, на Баерн Минхен не му оди најдобро, па раководството размислува за смена на Тухел.
Излегоа гласини дека Мурињо би можел да биде нов тренер на Баварците. Наводно Португалецот веќе почнал да учи германски јазик.
Во англиските медиуми се пишува дека една ваква тренерска смена би била добредојдена за Хари Кејн.
Мурињо и Кејн заедно работеа во Тотнем и формираа големо пријателство. Англичанецот беше главниот во тимот на Спарси и секогаш ја добиваше поддршката од тренерот.
Кејн отиде во Баерн Минхен за да освои некој трофеј, но како што стојат работите, тоа тешко дека ќе се случи оваа сезона. Баварците шокантно беа елиминирани од Купот на Германија, во Бундеслигата пред нив е Баер Леверкузен од кој загубија со 3-0, а конкуренцијата во Лигата на шампионите е голема.
Можеби Мурињо би бил вистинскиот избор за Кејн конечно да освои трофеј.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.