Ќе „пожолти“ ли Рамос намерно и утре против Жирона?

by
1 минути читање

Капитенот на Реал Мадрид беше во фокусот изминативе денови откако намерно
заработи картон во финишот од пресметката со Ајакс во Лигата на шампионите.
УЕФА веќе покрена истрага и судејќи од она што камерите го уловија, европската
куќа на фудбалот има доволно елемнти да го суспендира играчот на два меча.

Серхио Рамос сега
ќе биде под „лупа“ и утре, кога Реал Мдрид ја пречекува Жирона. Тој до сега има
заработено четири жолти картони во Ла Лига и следниот ќе значи автоматска
суспензија од еден меч.

Со оглед на тоа
дека на почетокот од март се игра „Ел класико“, дефанзивецот може против Жирона
намерно да „пожолти“ со што ќе го пропушти дуелот со Леванте во следното коло
но ќе се осигура дека ќе истрча на теренот против лутиот ривал Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани