236
Талентираниот Валентин Карбони ќе стави потпис на нов договор со Интер и потоа ќе се пресели на позајмица во Марсеј.
19 годишниот Валентин Карбони, кој со Аргентина летово стигна до триумф на Копа Америка, важи за голем талент, Интер не сака лесно да се откаже од неговите услуги, па најде начин како да му даде шанса за поголема минутажа во друг клуб.
Офанзивниот фудбалер од средниот ред ќе стави потпис на нов договор со „нероаѕурите“ и потоа ќе се пресели на позајмица во Марсеј.
Марсеј ќе има опција во целост да го купи за 35-36 милиони евра, но Интер и понатаму ќе ја контролира ситуацијата бидејќи ќе добие клаузула според која ќе може да го врати Валентин Карбони во своите редови за 40-45 милиони евра.