Во јануари на Јувентус му беа одземени 15 бодови. Тие се жалеа на одлуката, на 19 април ќе биде одлучено дали ќе им биде укината казната, доколку тоа се случи тие ќе се качат на второто место на табелата.
Перин вели дека казната имала позитивно влијание врз фудбалерите бидејќи креирала поголемо единство меѓу нив.
„Ситуацијата многу нѐ обедини. На денот на одлуката зборувавме на „ватсап“, потоа следниот ден во соблекувалната. Си кажавме што требаше да си кажеме, што треба да направиме за да се справиме со овој момент“, вели Перин.
„Потоа зборовите од соблекувалната ги пресликавме на теренот. Кризата ни даде енергија. Не можеме да се преправаме дека ништо не се случило, но со бодовите кои ни ги одземаа ќе бидеме второ место“.
Јувентус во моментов е на седмата позиција со седум бода заостанување зад четвртиот Милан. Тие можат до Лигата на шампионите и преку Лига Европа каде што се во четвртфиналето.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.