Во неделата,
Манчестер Сити уште еднаш покажа кој е кој во пресметките со лакалниот ривал и
победи на Олд Трафорд со 0-3.
Како што пренесуваат
медиумите од „островото“, Ерик тен Хаг се решил за несекојдневна казна, па по
крајот на натпреварот, им наредил на своите играчи да молчат во соблекувалната
и да слушаат како „граѓаните“ ја славата победата во големото градското дерби.
Стратегот не
застанал тука, им соопштил на фудбалерите дека веќе утредента треба да се
појават на тренинг и нема да добијат слободен да, а им дал и домашна задача,
односно видео снимки со нивните грешки, кои требале да бидат анализирани дома.
Во меѓувреме, се
говори дека фудбалерите се повеќе стравуваат дека „цврстата рака“ која се
обидува да ја наметне Ерик тен Хаг го нарушува моралот на тимот и доведува до
поделби, наместо обединување.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.